Ние Сме

ЕМСА Македонија

Европска Медицинска Студентска Асоцијација

Дознајте Повеке

17 Години

ЕМСА Македонија

ЕМСА Столбови

  • Медицинска Едукација

  • Медицинска Наука

  • Европски Интеграции

  • Етика и Јавно Здравје

Проекти oд нашата асоцијација

Mедицинска Едукациja
Медицинска Едукација
Медицинска Едукација
Европски Интеграции
Европски Интеграции
Медицинска Етика и Јавно Здравје
Медицинска Етика и Јавно Здравје
Медицинска Етика и Jавно Здравје
Медицинска Наука
Медицинска Наука
Медицинска Наука

Медицинска Едукација

Медицинска едукација е столб со помош на кој студентите се стекнуваат со дополнителни знаења и искуства од областа на медицината.
Посветувајќи се примарно на изнајдување на неконвенционални и практични начини на учење кај студентите, овој столб се стреми да ја зголеми перцепцијата на учењето и го олеснува поврзувањето на теоретскоиот дел со практичниот.

Денови на Медицинска Едукација

Со предавањата на овој проект сите присутни се стекнуваат со нови знаења и искуства пренесени од страна на искусните професори од нашиот факултет. Со помош на овој проект на студентите им се доближува медицинското секојдневие и тие се оспособуваат за логично размислување за решавање на медицинските проблеми.

Мече болница

Проект за кој може да се каже дека е гордоста на овој столб. Нема ништо помило од разубавената детска насмевка и намалувањето на стравот на дечињата од белиот мантил. Целта на овој проект исто така е учење на малечките за здравите секојдневни навики.

Project White

Проект кој во соработка со Центарот за Семејна медицина има за задача да ги збогати студентите со различни клинички вештини во медицината како и да ги запознае со теоретскиот дел од истите.

Европски Интеграции

Европските и Македонските студенти се главната таргет група на овој столб. Европски интеграции работи на доближувањето на европските ФМОа (ЕМСА организации од другите земји) кон нашата ЕМСА и обратно, со цел да се создаде една огромна заедница.

Different Day

Different day е посветен на помагање на одредени целни групи. Неважно дали се работи за финансиска помош преку донации, или пак посветување внимание кон овие прекрасни луѓе, ЕМСА е тука за нив, барем за еден ден да разубави нечие секојдневие.

Twinning Project

Проект за студентска размена помеѓу нашите студенти и медицинските студенти од Европските градови. Во текот на престојот студентите се запознаваат со начинот на студирање и културата на земјата со која се реализира размената.

Little Heroes

Ние веруваме во нашите малечки херои и ќе направиме се што е потребно да им го разубавиме секојдневието помеѓу болничките ѕидови.

Медицинска Eтика и Јавно Здравје

Столбот Медицинска етика и јавно здравје, има за цел да ја развива свеста на населението во однос на превенција на болестите кои претставуваат закана за општеството.Секој “јавно здравствен проблем” за идните лекари претставува јавно здравствен предизвик.

Stay Negative

Клучната идеја на Stay negative се кампањите, koj максимално го насочуваме кон развивање на свеста кај населението за болести се со цел да се поттикне нивна едукација и да се разбуди идеја за поздрав животен стил.

Medical Mission

Medical Mission е проект со цел да и помогне на одредена таргет група. Проектот од учесниците единствено се бара човечност и меко срце.

Movies and Medicine

Проект за заедничка дружба преку гледање филм каде главната тематика е медицината.

Break Free

Табу темите и нивното претставување на населението преку разни едукативни настани и предавања се основната цел на проектот.

We Can Do It

Има за цел да им пружа психолошка поддршка на студентите, помош и мотивација низ годините на студирањето општа медицина.

Крводарителски Акции

Ние во соработка со Институтот за Трансфузиологија се бориме за одржување на резервите на крв во доволна количина.

Трибини

Подразбира организирање на настан поврзан со одреден ден, специфичен за одредено заболување.

Медицинска Наука

Проектот Медицинска наука и истражување, е задолжен за отворање на умот кај студентите по медицина. Се запознаваме со пристојните научни начела, еманципирајќи се секојдневно во светот на најситните молекули се со цел да се осознае една глобална слика која ќе ги разјасни нашите дилеми и ќе постави силни темели на нашето знаење.

Secret Science Club

Нашиот мал таен научен клуб се состанува барем еднаш во семестар, заедно со стручно лице да дискутираме на мистериозните сфери на најновите медицински истражувања.

Медицина базирана на докази

Новиот проект во столбот Медицинска наука и истражување кој го расветлува патот од првите симптоми до целосно излекување на болеста. Група на студенти ѕирка во практиката на еден до двајца доктори учејќи од нивното искуство и совети.

Pathway of Science

Особено сме горди на нашите статии и одговорноста за да ја разбудиме љубопитноста кај студентите по медицина со интригантните полиња на науката.

ЕМСАпедија

Достапноста на стручните медицински статии кои се поставени на Wikipedia се од есенцијално значење за медицинскиот персонал и студентите. ЕМСА тоа добро го разбира и затоа го организира овој проект барем два пати семестрално, каде студентите по медицина ги преведуваат статиите на македонски јазик и покрај докторите до овие статии имаат пристап сите.

Промоција на Open Access

Со оваа промоција ние бараме пристап до податоците кои ќе ни помогнат во учењето и усовршување на стекнатите вештини.









  • Никој не може да помогне на секој, но секој може да помогне на некој!

  • Не може е непостоечки збор во нашиот речник!

  • Издвој се од просекот!

  • Среќен е оној кој има големо семејство.

  • Нашата цел е просекот да стане надпросечен.

  • Болката е дистракција на патот до успехот. Игнорирај ја!

Галерија од нашите проекти