Контакт

emailButton.png Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

emailButton.png Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

Добредојдовте на официјалната страна на ЕМСА-Македонија

Ние сме Европска Медицинска Студентска Асоцијација во Македонија Здружение на Студенти на Медицински Факултет,Скопје.
Постоиме од 1991 година, благодарение на основањето на Европската Медицинска Студентска Асоцијација во Белгија.
ЕМСА-Македонија има за цел да го подобри здравјето и кавалитетот на живот на граганите во Македонија преку давање на можност на студентите на Медицински Факултет-Скопје членови на ЕМСА-Македонија да работат во полето на Медицинска Едукација, Етика и Наука.
Овој сајт е конструиран за членовите на ЕМСА-Македонија за нивно користење, а исто така и за сите соработници како и корисници на ЕМСА-Македонија.

Медицинскиот Јунак
leonid-ivanovic-rogozov.gifЛеонид Иванович Рогозов (1934 – 2000) е лекар, кој беше член на Советската експедицина на Антартикот во 1960 – 1961. Тој беше единствениот лекар на Новолазаревската Станица, и за време на експедицијата поради воспаление на апендиксот, на себе изврши апендектомија, во еден од најпознатите случаи на автохирургија.

Утрото на 29 Април 1961, Рогозов почуствувал малаксаност, гадење и треска, која подоцна била придружена и со болка во горниот десен квадрант на абдоменот. Конзарвативната терапија не помогна и веќе на 30 Април Рогозов развил знаци на локализиран перитонитис и во текот на денот состојбата му се влошила. Како лоша околност најблиска истражувачка Советска база Мимај била повеќе од 1600 км одалечена, немале авион со кој би го пренеле во медицинска установа и силни бури не дозволувале авион да слета, поради што Рогозов немал друга опција освен сам да ја изврши операцијата на себе.

Операцијата почнала околу 22 часот на 30 Април ...

Write Comment (0 Comments)
Прочитај повеќе...
 
Eдна декада од постоењето на ЕМСА-Македонија

torta-emsa.gifНа ден 14.04.2010г. ЕМСА-Македонија го дочека својот 10-ти јубилеен роденден, за кој студентите на Медицинскиот Факултет се потрудија да не остане незабележан. Со таа цел тие организираа мала прослава во ноќниот клуб Хавана, каде претставниците на музичкиот состав BetaHouse беа тие кои со својата музика ја збогатуваа и разбувавуваа и онака пријатната атмосфера и расположение.

Помеѓу присутните, покрај гореспоменатите и многу претставници од други факултети беа во можност да почувствуваат дел од задоволството, издигнувајќи се на тој начин пријателскиот дух и дружба. Секако неизбежно е да се спомене дека, на големо задоволство на сите присутни, прославата ја збогатија со својата појава и дел од најголемите авторитети на Медицинскиот Факултет: Продеканката за меѓународна соработка- Проф. Д-р Даниела Миладинова, како и Професорката Бети Дејанова. Кулминацијата на заедничката радост и среќа беше одбележана со прекрасна торта во чест на ЕМСА, околу која сите заедно гасејќи ги нејзините 10 свеќички посакаа уште многу години нејзино успешно постоење и се подобра нејзина афирмација како на домашно така и на интернационално ниво.   

Write Comment (0 Comments)
 
Епигенетика

nucleosome.gifВо биологијата, епигенетиката го подразбира изучувањето на наследните промени во фенотипот или на генската експресија предизвикани од механизми различни од промена на ДНА секвенцата. Овие промени можат да останат низ делбите на клетката за време на животот на клетката или да бидат присутни во повеќе генерации. Но, да напоменеме дека не доаѓа до премана во ДНА секвенцата на организмот, наместо тоа не-генетски фактори предизвикуваат гените на организмот да имаат поинаква експресија.

Најдобриот пример за епигенетски промени во еукариотската биологија е процесот на клеточна диференцијација. За време на морфогенезата, тотипотентните матични клетки се претвараат во различни плурипотентни клеточни линии во ембрионот кои подоцна се претвараат во потполно диференцирани клетки.  

Молекуларната база на епигенетиката е комлексна.  

Write Comment (0 Comments)
Прочитај повеќе...
 
Новитети

bookstack.gifНесомнено напредокот на технологијата има свои бенефиции со кои de facto, се олеснува нашиот живот и работа. Да бидам поконкретен станува збор за 55 дигитализирани изданија на нови книги од разни области на медицината со кои образовниот процес се олеснува и дефинитивно готовиот продукт, т.е. младиот лекар може да добие само на квалитет.

Благодарение на заложбите на Медицинскиот Факултет, остварена е оваа соработка, од која можат да бенефетираат и студентите на медицинскиот факултет. Преку вашиот персонален компјутер и интернет овие изданија можат да бидат читани 24/7. Како фунционира ова ? Најпрво треба да отидете до библиотеката на Медицински Факултет и да ја побарате г.Ленче Даневска која ќе ви даде username и password. Потоа од вашиот персонален компјутер ќе го отворите вашиот омилен интернет пребарувач и ќе ја отворите оваа интернет страна: http://ovidsp.ovid.com . Со лозинката и корисничкото име ќе се логирате и пријатно читање !!!


Еве ги насловите на книгите кои ви се достапни, напишани во нивниот оригинален текст на англиски јазик:

 

Write Comment (1 Comments)
Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 8 од 22

Член

clen.jpg

Пристапница

pristapnica.jpg

Календар на настани

« < August 2010 > »
M T W T F S S
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5
« < September 2010 > »
M T W T F S S
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3

Online

Aнкета

Дали би посетиле летна медицинска школа организрана о